
12 Mar Истражување на ИПИС: Мнозинството граѓани сметаат дека водата за пиење во земјава е чиста и безбедна
Мнозинството граѓани (55,3 проценти) сметаат дека водата за пиење во земјава е чиста и безбедна, како и дека нејзиниот квалитет е идентичен како и минатата година (49,2 процента), покажува истражувањето на јавно мислење на тема „Загадување на водите“, спроведено за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител, во која гостуваа др. Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје, директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски и Кирил Ристовски од центарот за еколошка демократија „Флорозон“.