ИПИС | Анкета на Република: Граѓаните бараат промена на актуелната власт – незадоволни од економијата, од здравството, образованието, судството, високата корупција
15828
post-template-default,single,single-post,postid-15828,single-format-standard,ajax_fade,page_not_loaded,,qode-theme-ver-17.2,qode-theme-bridge,qode_header_in_grid,wpb-js-composer js-comp-ver-5.6,vc_responsive
 

Анкета на Република: Граѓаните бараат промена на актуелната власт – незадоволни од економијата, од здравството, образованието, судството, високата корупција

Анкета на Република: Граѓаните бараат промена на актуелната власт – незадоволни од економијата, од здравството, образованието, судството, високата корупција

Доколку наредната недела има нови парламентарни избори поголем дел од граѓаните би излегле да гласаат, покажува последната анкета спроведена од Агенцијата Ипис за потребите на Прва Република. Главно граѓаните се незадоволни од актуелната власт. Не се задоволни од реформите во основното образование, незадоволство искажуваат и од досегашната работа на власта во реформите во судството, од борбата против корупцијата и криминалот, како и од економската состојба и животниот стандард. Голем е процентот на оние кои се изјасниле дека власта не се справила добро со корона вирусот во земјава. Генерално, граѓаните сметаат дека треба да се промени актуелната Власт во Македонија, бидејќи работите се движат во погрешна насока.

На прашањето дали би излегле на гласање доколку следната недела има нови парламентарни избори, 512 испитаници од вкупно 1089, или поточно 47 отсто се изјасниле дека со сигурност ќе гласаат.11,8 отсто рекле дека најверојатно ќе гласаат, а 11,5 отсто се изјасниле дека со сигурност нема да излезат на гласање. 10, 3 отсто пак се колебаат, но поголема е веројатноста да не излезат на избори.

 

Линк